• недела, 21 јули 2024

Работилници за справување со влијанијата од климатските промени наменети за агро секторот и производителите на храна

Работилници за справување со влијанијата од климатските промени наменети за агро секторот и производителите на храна

Прилеп, 22 мај 2024 (МИА) - Еколошкото друштво „Бигла“ од Демир Хисар, започна со реализација на проектот „Подобрување на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион преку јакнење на свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени“, поддржан од Министерството за локална економија-Биро за регионален развој.

Почна со работа првата , а ќе се одржат вкупно шест работилници за производителите на храна од руралните подрачја на општина Демир Хисар. Учеството во работилниците е добредојдено и за сите од Пелагонискиот плански регион.

Работилниците опфаќаат голем број теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни видови прехранбени производи. Меѓу темите се: климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.

Комплексноста на обуките ги дава сите одговори на прашањата на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавањето иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализираат потребите, информираат од еколошкото друштво „Бигла“ од Демир Хисар.ем/са/

Фото: еколошко друштво „Бигла“ Демир Хисар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан