• понеделник, 17 јуни 2024

Путин ќе надгледува вежби за балистички ракети, Песков тврди дека нема потреба од грижи

Путин ќе надгледува вежби за балистички ракети, Песков тврди дека нема потреба од грижи
Москва, 18 февруари 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги надгледува вежбите за руски балистички ракети, кои ќе се одвиваат во текот на утрешниот ден, информираше неговиот портпарол. Според Дмитриј Песков, Русија беше транспарентна околу вежбите и испратила известување преку сите соодветни канали. Тој потенцира дека вежбите „не треба да предизвикаат загриженост“, јави новинската агенција ТАСС. Русија го има вториот по големина нуклеарен арсенал, веднаш по САД, и врши ракетни тестови неколку пати годишно. Но, овие вежби доаѓаат во време на високи тензии со Западот околу Украина, јави ДПА. Телефонски разговор меѓу рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу, и неговиот американски колега Лојд Аустин, е планиран за во текот на денешниот ден. бд/ссм/

Остани поврзан