• петок, 22 ноември 2024

Поранешен генерал на ИДФ верува дека војната меѓу Израел и Хамас ќе трае три години, пишува „Ерусалим пост“

Поранешен генерал на ИДФ верува дека војната меѓу Израел и Хамас ќе трае три години, пишува „Ерусалим пост“

Eрусалим, 17 јуни 2024 (МИА) - Војната меѓу Израел и палестинската група „Хамас“ ќе трае три години, нагласи во интервју за локалната радио станица Бригадниот генерал на израелските одбранбени сили (ИДФ) и поранешен министер Ефи Ајтам, објави весникот „Ерусалим пост“.

Изминатите 48 часа беа едни од најтешките од почетокот на војната со Хамас, со 12 војници на ИДФ убиени во борбите во Појасот Газа, од кои осум во градот Рафа.

„ИДФ си постави за цел да го уништи Хамас. Секој што носи оружје [во Газа] мора да умре. Мора да се конфискува целото оружје. Речиси цела Газа е во наши раце и можеме да дејствуваме релативно мирно. Војната ќе трае околу три години - една година е зад нас, следната година е војна во Либан, а годината потоа е загрижувачка за работите поврзани со Иран. Нема смисла да се грижиме за утре додека акцијата е се уште во зачеток“, рече Ејтам, потврдувајќи ја целта на ИДФ да го победи Хамас. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан