• понеделник, 20 мај 2024

ПСЖ ќе заработи 10 милиони евра за мечот со ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал

ПСЖ ќе заработи 10 милиони евра за мечот со ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал

Париз, 17 јануари 2023 (МИА) – Пари Сен-Жермен ќе заработи значителни финансиски средства за натпреварот во Саудиска Арабија.

Парижаните в четврток на 19 јануари ќе играат во Ријад со саудискиот ол-стар тим составен од фудбалери на Ал-Хилал и Ал-Наср.

За Ал-Наср од неодамна настапува Кристијано Роналдо и според најавите тој ќе ја носи капитенската лента на ревијалниот меч.

Според„ L'Equipe“, овој натпревар на ПСЖ ќе му донесе нешто повеќе од 10 милиони евра. Оваа сума клубот ја вклучи во буџетот за сезоната 2022/23, бидејќи очекува да покаже финансиски резултат подобар од минатата сезона кога парижаните имаа загуба од 369 милиони евра. зс/

Остани поврзан