Противпожарни предавања во Кавадарци
- Противпожарни предавања се реализираат во Кавадарци, во организација на Доброволното противпожарно друштво од оваа општина, информираа попладнево од друштвото „Сашко Гешовски".

Кавадарци, 25 март 2025 (МИА) - Противпожарни предавања се реализираат во Кавадарци, во организација на Доброволното противпожарно друштво од оваа општина, информираа попладнево од друштвото „Сашко Гешовски".
- Во текот на денешниот ден членови на Доброволно противпожарно друштво „Сашко Гешовски" со испомош од пожарникари од ТППЕ Кавадарци, извршија едукативни предавања на ученици во подрачното училиште Д.А.Габерот во с.Ваташа, за цела генерација од деветто одделение, соопштија од Друштвото.
Учениците биле запознати со причини за настанување на пожар како и превентивни мерки за заштита од пожари, начин и употреба на п.п. апарати и нивни технички карактеристики. Начин на заштита и евакуација од запален објект, зграда.
- Продолжуваме со едукативни средби и со учениците од останатите основни училишта. За подобро Кавадарци, подвлекоа од Друштвото. свд/вг/
Фото : Противпожарно друштво „Сашко Гешовски".