• понеделник, 01 јули 2024

Протести во Ереван за оставка на премиерот Пашинјан

Протести во Ереван за оставка на премиерот Пашинјан
Ереван, 1 декември 2020 (МИА) - Десетици опозиционери и активисти денеска ја блокираа централната авенија во главниот град на Ерменија, Ереван, барајќи оставка од премиерот Никола Пашинјан. „Тој ја украде иднината на нашите деца и мора да си замине. Тој ја продаде нашата земја“, извикуваа демонстрантите. Агенцијата ТАСС објави дека полицијата започнала со апсење на демонстрантите. Во Ерменија со денови се одржуваат протести против Пашинјан, кој е обвинет за склучување мировен договор со Азербејџан, со посредство на Русија, на штета на Ерменија и Нагорно-Карабах, област во Азербејџан со мнозинско ерменско население околу која последните месеци се води војна меѓу двете соседни земји. паг/  

Остани поврзан