• вторник, 02 јули 2024

Германски суд осуди истакнат политичар од екстремната десница за извикување нацистички слогани

Германски суд осуди истакнат политичар од екстремната десница за извикување нацистички слогани

Берлин, 1 јули 2024 (МИА) - Германскиот суд денеска го осуди истакнатиот член на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) Бјорн Хоке по втор пат за употреба на нацистичка парола на политички митинг.

Судот во Хале го казни Хоке, кој планира да се кандидира за гувернер на германската сојузна покраина Тирингија на изборите во септември, со парична казна од 16.900 евра, јави германската новинска агенција ДПА. На таа пресуда можна е жалба, а осудата нема да го спречи да се кандидира на избори.

Според германските закони, користењето на симболот на неуставна организација се казнува со парична казна или со затвор до три години.

Претходниот случај се фокусираше на говорот на Хок во Мерсебург во мај 2021 година, кога тој ја употреби фразата „Сите за Германија!“. Минатиот месец, судиите се согласија со тврдењата на обвинителите дека поранешниот наставник по историја бил свесен за потеклото на слоганот - од нацистичките војници на СА.

Во тековниот, втор случај, обвинителите тврдеа дека тој го повторил делото на митингот на АфД во Гера во декември, и дека „сигурно знаел“ дека користењето на тој слоган е кривично дело.

Тие тврдеа дека Хеке рекол „Сè за...“ и ја охрабриле толпата да извика „Германија!“.

Хеке и на тоа судење тврдеше дека не направил ништо лошо, јави ДПА. мс/

фото: Фејсбук

Остани поврзан