• петок, 22 ноември 2024

Жена и дете убиени во рација на Западниот Брег

Жена и дете убиени во рација на Западниот Брег

Рамала, 1 јули 2024 (МИА) - Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека израелските безбедносни сили убиле жена и дете за време на рација во Тулкарм на окупираниот Западен Брег.

Палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на извори од владината болница Табет Табет, јави дека загинале 15-годишно момче и 47-годишна жена, а четири лица се ранети.

Израелските сили вчера убија припадник на екстремистичката организација Исламски џихад во Тулкарм.

Најмалку 550 луѓе, меѓу кои повеќе од 130 деца, се убиени од израелските безбедносни сили или еврејски доселеници на Западниот Брег од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас на другата палестинска територија на Појасот Газа на 7 октомври минатата година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан