• недела, 12 мај 2024

Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода

Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Ресен и вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен вчера го привеле Н.К.(44) од Ресен, затоа што при контрола на негов имот во село Прелубје, ресенско, во 14:40 часот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и печат, информираат од МВР.

Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални Шуми“ - Ресен, а по целосно документирање на случајот, против Н.К. ќе следува соодветна пријава. сст/

фото МИА архива

Остани поврзан