• сабота, 11 мај 2024

Промоција на книгата „Има ли и страна петта?“ на Васил Мукаетов во „Литература.мк“ во Сити мол

Промоција на книгата „Има ли и страна петта?“ на Васил Мукаетов во „Литература.мк“ во Сити мол

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Книгата за деца „Има ли и страна петта?“ на Васил Мукаетов, денеска ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“.

Промотори на книгата ќе бидат Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Извадоци од книгата ќе интерпретира актерката Снежана Конеска Руси. Кон едукативната димензија на делата на Мукаетов ќе се осврне Владанка Д. Миче, која е одделенска наставничка во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“, Скопје.

На книжевниот настан со наслов „Васил Мукаетов на страната на децата“ ќе бидат претставени и уште пет други, понови публикации за најмладите читатели од авторот: „Чукни, чукни трипати“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Од згода до згода, заграб бистра вода“, „Што е, а што не е?“ и „Ај погоди!“ Станува збор за читанки, збирки поезија, гатанки и раскази, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Стихозбирката „Има ли и страна петта?“ содржи весели и духовити песни за шарениот, љубопитен и разигран свет на децата. ир/вг/


Фото: Скриншот

Остани поврзан