• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на сликовницата „Другарко“ од Денис Јанкуловски – Космонаутко

Промоција на сликовницата „Другарко“ од Денис Јанкуловски – Космонаутко

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - Сликовницата „Другарко“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко денеска ќе биде промовирана во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Илустрациите се на Наташа Костовска. На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“ и Марија Савеска и Дени Жерновска.

Со авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска за сликовницата ќе разговараат книжевната критичарка Александра Јуруковска и издавачот Дејан Трајкоски. Сликовницата „Другарко“ на неодамнешниот Саем на книгата го доби највисокото признание за општествена одговорност кое што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

-Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Во сликовницата, главниот јунак е детето Другарко кое има аутизам и коешто си живее во својот свет, а приказната е мајсторски раскажана, испреплетена со етички поуки за другарството, заедништвото и почитувањето на поинаквите. Боите во сликовницата се ненападни, а и фонтот е едноставен, а не разигран, со цел сликовницата да можат да ја гледаат и читаат сите деца, стоеше во образложението на жири-комисијата.

„Другарко“ е во издание на Прозарт медиа, а објавувањето е поддржано од Министерството за култура. мд/аа/

Фото: Издавачка куќа „Прозарт медиа“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан