Промоција на книгата за деца „Мачето Мице“
- Во МГ кафе бар денеска ќе се одржи промоција на книгата за деца „Мачето Мице“. Станува збор за збирка раскази од авторката Татјана Гаврилова, објавена од издавачката куќа „Или-или“, во рамки на едицијата „И ете приказна“. Промоторка ќе биде Ана Јовковска.

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Во МГ кафе бар денеска ќе се одржи промоција на книгата за деца „Мачето Мице“. Станува збор за збирка раскази од авторката Татјана Гаврилова, објавена од издавачката куќа „Или-или“, во рамки на едицијата „И ете приказна“. Промоторка ќе биде Ана Јовковска.
-Книгата раскажува за домашните авантури на љубопитното маче Мице – палаво, весело и секогаш во движење. Низ десет посебни приказни, читателите ги следат неговите обиди да го истражи светот околу себе, да се справи со нови ситуации, да научи важни лекции и – најчесто – да направи по некоја беља. Раскажувач на приказната е Ема, девојче кое живее со своето семејство и го споделува секојдневието со Мице. Преку нејзиниот детски глас се доловува атмосферата на едно типично, но волшебно семејно домаќинство полно со љубов, игра и разбирање. Во фокусот на приказните се вредности како што се пријателството, храброста, емпатијата и значењето на семејството. Истовремено, книгата нуди и доза хумор, авантура и препознатлива детска динамика, што ја прави идеална за читатели на возраст од 5 до 10 години, соопштија од издавачката куќа.
Приказните се визуелно збогатени со живописни илустрации на Јана Борбала Панзов.бт/лв/
Фото: Корица