Промоција на книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица
- Книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана вечер од 20 часот во „Кафе Ли“.
Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана вечер од 20 часот во „Кафе Ли“.
Се работи за научен труд на м-р Бранѓолица во кој предмет на проучување е феноменот на баењето како интегрален дел од македонската народна култура.
-Опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално истражување на обредните постапки и реквизити што ги применува лицето што бае и што раководи со обредот. Една од клучните цели во истражувањато на Бранѓолица е да покаже дека баењата претставуваат централна сила во исцелувателската улога, каде што баењето како севкупно истражување има своја логика и своја поетика, па оттука произлегува и главната цел на овој исклучителен научен труд на авторката, наведува Душко Крстевски, промотор на изданието. хс/мд/
Фото: Издавачка куќа „Фуснота“