МВР Билтен (ДПЛ)
- Во Скопје денеска во 01.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник.
Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје денеска во 01.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник.
МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 19.10.2024 година во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(43) од скопско село, поради тоа што претходниот ден (18.10.) околу 22.30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.10.2024 година во 16.50 часот во СВР Скопје, Ј.Л.Ф.Ц.(34) со престој во Скопје пријавил дека пред станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил физички нападнат од Љ.Ш. од Скопје, кој му упатувал ѝ закани по живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.10.2024 година во 01.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле С.А. (50) од Кочани затоа што за време на одржување на Градскиот панаѓур физички нападнал малолетник од село Долни Подлог, кочанско, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. Против него ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“. Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје. цр/
Фото: МИА архива