• понеделник, 15 април 2024

Промовирани книгите „Виножито во квечерина" и „Простување" од Гордана Кароловска

Промовирани книгите „Виножито во квечерина

Кавадарци, 2 јуни 2023 (МИА) - Две нови книги од роднокрајната авторка Гордана Кароловска, насловени „Виножито во квечерина" и „Простување" беа промовирани синоќа во градската библиотека „Феткин" во Кавадарци.

Директорот на библиотеката, Петар Гурев појасни дека станува збор за поетско дело и роман.

Претходната директорка на библиотеката, Весна Гркова рече дека авторката е дипломиран економист, која има напишано повеќе дела, активен учесник на литературни манифестации и добитник на награди и пофалници. 

- Пишувањето претставува духовна храна за Гордана. Тоа е она што и помага да се носи со секојдневните предизвици, да ги искаже своите разочарувања, својата радост, да ги опише своите чувства, додаде Гркова. 

Рецензентот на збирката стихови, Тодор Богев појасни дека во книгата поезија има 95 песни, во кои авторката го опишува нејзиното воодушевување од природата.свд/

Фото: МИА 

Остани поврзан