Без вода улица „Вашингтонска“ во Шуто Оризари
- Без вода денеска од 8:20 часот се корисниците од улица „Вашингтонска“ во населбата Шуто Оризари.

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Без вода денеска од 8:20 часот се корисниците од улица „Вашингтонска“ во населбата Шуто Оризари.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Вашингтонска“ 65.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. дма/
Фото: МИА архива