• недела, 22 декември 2024

Промовирани вложувања во средното техничко училиште во Гостивар

Промовирани вложувања во средното техничко училиште во Гостивар

Гостивар, 28 септември 2023 (МИА) – Првиот човек на општина Гостивар Арбен Таравари при неговата посета на Општинското техничко училиште (ОСТУ) заедно со училишната управа ги промовираа последните вложувања, најавувајќи опремување на кабинетите за стручна настава.

Градоначалникот Таравари, по увидот појасни дека раководството на училиштето добро менаџирало со финасиите во овој период и со мала помош на локалната самоуправа изминатиов период се реализирале значајни зафати. Оваа година се инвестирало во реконструкцијата на покривот на едниот објект со површина од 3.000 квадратни метри, проширување и уредување на паркингот за 150 возила и бојадисување на внатрешноста.

- Ова е едно од училиштата што е успешна приказна и нè прави горди. Го зголемивме и уредивме паркингот, кој ќе служи за потребите на училиштето, но и ќе го олесни сообраќајот во овој дел од градот како слободен паркинг, особено во период кога доаѓаат иселениците, рече градоначалникот Таравари.

Тој појасни дека во тек се работите на целосно реновирање на старата зграда и активностите од проектот ГИЗ вреден 510.000 евра.

- Со овие средства се предвидува набавка на современа опрема за кабинетите каде се изведува стручна настава. На тој начин ќе се создадат услови за повисоко ниво на професионалност во наставата и ќе се олесни работата на наставниците при пренесување на знаењето на учениците во ова училиште, подвлече Таравари.

ОСТУ е едно од најбројните образовни установи во гостиварската општина и по кадар и со ученици. Во ова училиште на три јазици, ученици од Гостивар и други општини стекнуваат знаења од техничките науки. згм/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан