• петок, 06 септември 2024

Променливо облачно, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. 

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. 

Фото: МИА

Остани поврзан