• сабота, 18 мај 2024

Промена на боја на прстите на нозете нов симптом на Ковид-19

Промена на боја на прстите на нозете нов симптом на Ковид-19
Вашингтон, 24 април 2020 (МИА) - Лекарите во САД открија дека ште еден симптом кај заболените од Ковид-19, што се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете. Прстите на нозете на заболените од новиот коронавирус се црвени и изгледаат како по изложување на студ. Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта,  што може да предизвика мозочен удар. Неодамна лекарите и пациентите открија и нов симптом, што го опишуваат како трпки по телото, што е знак дека телото во завршна фаза се бори со вирусот. Останатите вообичаени симптоми вклучуваат треска, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареја, а од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми. Евидентирани се и невролошки симптоми, вртоглавица и главоболка, атаксија што се опишува како недостаток на координација на движење, односно одење или кревање предмети. Атаксијата може да влијае на говорот, голтањето и движење на очите. Ширум светот заразени со Ковид-19 се повеќе од 2,7милиони луѓе, излекувани се околу 750.000 луѓе, а починати се над 190.000 луѓе. ки/ми/

Остани поврзан