• среда, 03 јули 2024

Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотека

Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотека

Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) - Култниот филм „Кој тоа таму пее“ на режисерот Слободан Шијан ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, а проекцијата е во рамките на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ, а главните улоги  ги толкуваат српските актери: Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Славко Штимац, Неда Арнериќ, Ташко Начиќ, Боро Стјепановиќ, Бора Тодоровиќ, Миливоје Томиќ и други.

Слободан Шијан  е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Исто така,  е на неколку најпопуларни српски играни филмови, низа публикации, книги за филмови и визуелната култура.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, а поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк  љм/ац/

Фото: ПРО - За Балкан

Остани поврзан