• четврток, 19 декември 2024

Виолинистката Марија Илиева утревечер ќе настапи во рамки на Штипско културно лето

Виолинистката Марија Илиева утревечер ќе настапи во рамки на Штипско културно лето

Штип, 3 јули 2024 (МИА) - Виолинистката Марија Илиева утревечер ќе биде дел од Програмата на 39. издание на Штипско културно лето (ШКЛ). Илиева денеска изјави дека добра подготвена програма со познатите композиции на познати композитори други се дел од нејзиниот  утрешниот концерт. Забележува дека нејзиниот концерт е за сите сетила за пошироката публика.

-Чест ќе ми биде, после толку години настап во мојот роден град нормално, а огромна е честа и задоволството да настапам на овогодишното издание на ШКЛ 2024. Ќе се претставам со Програма што ќе биде за сите сетила за пошироката публика и се надевам дека ќе уживаат. Насловот на овој проект е „Музички времеплов“, вели Илиева.

Учество на концертот ќе земе и нејзиниот колега и пијанист Симеон Иванов, со кој заедно ги покануваат заинтересирани сограѓани за да уживаат во оваа музичка симбиоза.

-Ќе се претставам заедно со мојот колега Симеон Иванов на пијано и нормално јас Марија Илиева на виолина. Концертот ќе се одржи во уметничката галерија „Безистен“, влезот е слободен од 20 часот и се надевам на присуство од пошироката публика, колеги штипјани, сограѓани. Мислам дека ова ќе биде добра прилика за присуствуваат и мислам дека ќе уживаат во овој концерт, рече Илиева.

Марија Илиева последен пат има настапувано во 2006 година на тогашното издание на ШКЛ и за нејзе, ова е повторна чест за да се претстави во свое светло. Инаку, таа е и професор по виолина во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан