• вторник, 11 јуни 2024

При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица

При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) - Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе угостителски објекти, при што лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога.

Како што соопштија од МВР, при преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.

Од МВР потенцираат дека при контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан