• петок, 22 ноември 2024

Притвор од 48 часа за тетовчанка осомничена за измама

Притвор од 48 часа за тетовчанка осомничена за измама

Тетово, 21 март 2023 (МИА) - Судија во претходна постапка на Основен суд Гостивар определил мерка притвор за 41 годишна жена од Тетово која полицијата ја приведе како осомничена за повеќе измами. Според информациите на СВР Тетово определен е 48 часовен притвор за А.А. од  од Тетово.

-Таа вчера (20 март) беше лишена од слобода во Гостивар по член 247 од Кривичниот законик и кривично пријавена од СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар дека минатата и оваа година извршила десетина измами.Осомничената А.А. измамите ги извршила на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје, лажно ветувајќи им на измамените дека за одреден паричен надоместок ќе им обезбеди работни визи за Германија, но и други измами, информираат од СВР Тетово

Пријавената А.А. спроведена е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на притворот. ас/аа/

Остани поврзан