• среда, 22 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - На 20.01.2025 во 18.30 часот на ул.„22 Април” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 20.01.2025 во 14.10 часот на ул.„Стеван Стеваноски Царчето“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ј.Г.(27) од с.Житоше, прилепско, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 20.01.2025 во 18.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници при СВР Скопје го привеле Н.П.(35) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.01.2024 во 10.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Б.А.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.01.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје, И.К.(40) од Скопје пријавила дека на 19.01.2025 во 20.00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 20.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници при СВР Скопје, го привеле С.К.(46) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11 - годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат на основното училиште во кое учел во Прилеп.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Денеска (21.01.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје, Ш.У.(36) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот пред спортска обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице физички го нападнало и му го одзело мобилниот телефон . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.01.2025 во 14.10 часот во СВР Скопје, А.Б.(49) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на 18.01.2025 на подрачјето на Карпош, малолетник со остар предмет се заканувал на неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.01.2025 во СВР Скопје, од Јавната општинска установа - Детска градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир, било пријавено дека на 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.01.2025 во 13.00 часот во Полицискатa станица Центар во Скопје, Ш.С. од Скопје, пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга К.И.(44). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 11.09.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.  

СВР Куманово поднeсе кривична пријава против Д.Р.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 13.03.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024 кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Б.(49) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.10.2024 во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава Ѓ.С.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 10.09.2024 во Тетово, полициски службеници  извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Велес поднесена кривична пријава против Ѓ.Д.(39) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.11.2024 во Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. и О.И., двајцата од село Моин, гевгелиско и против Д.Т., од село Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „незаконит лов”, додека против К.К. и О.И. се поднесени кривични пријави за сторено кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 11.01.2025 кај место викано „Караула Моин“, полициски службеници ги затекнале пријавените со ловечки пушки, при што било констатирано дека истите не поседувале соодветни документи согласно Законот за оружје, односно не поседувале дозволи за лов, а за ловечките пушки пронајдени кај прво и второпријавениот било утврдено дека не поседуваат дозволи за поседување. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан