• среда, 17 април 2024

Прилерските пожарникари се подготвуваат за летната сезона и предупредуваат на претпазливост

Прилерските пожарникари се подготвуваат за летната сезона и предупредуваат на претпазливост

Прилеп, 20 мај 2023 (МИА) - Со показни и тактички вежби и доделување на професионалните значки на пожарникарите, прилепската Противпожарна единица го одбележа Денот на пожарникарството. Единицата која покрива една од најголемите територии во државава, покрај Прилепска општина, и Долнени и Кривогаштани, од почетокот на годинава имала 200 интервенции на пожари, несреќи, а очекува во наредниот период уште четирипати да се зголемат интервенциите.

-Во единицата имаме 39 пожарникари, а потребен ни е уште човечки потенцијал, како и опременост. Имаме донација на ново возило, неодамна од Пелагонискиот плански регион добивме опрема во 30 комплети, но секогаш е неопходно што поголема опременост и зголемувањето на бројот на пожарникарите. Очекуваме, со летната сезона да се зголемат интервенциите, иако сакаме да нема многу, но сме подготвени да одговориме на обврските. Годишно се околу 800 до 900 интервенции. Секоја помош, посебно од локалната самоуправа и од бизнис секторот , е добредојдена, рече Христијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

Пожарникарите ги поздрави и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој ја нагласува подготвеноста за безрезерва поддршка за Единицата.

- Во наредниот период ќе направиме сѐ за да бидат обезбедени сите средства потребни за противпожарната единица, рече Јовчески.

Од Противпожарната единица апелираат на внимателност со оган и вода, а особено предупредуваат да не се палат стрништа кои потоа ги предизвикуваат шумските пожари.ем/бт/

фото извор МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан