Над 65 учесници дел од планинарски поход до Лешница во чест на годишнината на ПК Љуботен
- Оваа традиционална планинарска акција се реализира по повод 23 март 1925 година кога е формиран тетовскиот планинарски клуб.
Тетово, 22 март 2026 (МИА) - Планинарскиот поход до месноста Лешница на Шар Планина, а по повод 101 година од основањето на планинарскиот клуб Љуботен денеска привлече 65 учесници. Оваа традиционална планинарска акција се реализира по повод 23 март 1925 година кога е формиран тетовскиот планинарски клуб.
- Убава колона, убави пејзажи, Лешница во снежно руво, половина патека беше покриена со снег, карпите на Лешница покриени со снег, убава глетка за уживање. Имаше 65 учесници од повеќе градови во државава. На половина патека имавме пункт на кој ги почестивме учесниците со планински чај и закуска. Во последните пет години ја одбравме Лешница за роденденска тура. Годинава за 101-виот роденден турата ја организираме во очи на роденденот, ПК „Љуботен“ е формиран на 23 март 1925 година. Многу ни е драго што млади луѓе ни се приклучиваат на турите - информираше Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен“
Планинарите и рекреативците дружењето го започнаа на збирното место пред просториите на ПК Љуботен, од каде со организиран превоз се патуваше до селото Бозовце. Од таму се формираше колоната со планинари и рекреативци кои ги поминат седумте километри во еден правец до месноста Лешница каде сè уште има и значителна снежна покривка. ас/ев/
фото ПК Љуботен