Привршува реконструкција на детското одделение во Кумановската болница
- Привршува реконструкцијата на детското одделение во Куманово, надлежните од здравствената установа очекуваат да почне реконструкцијата на кујната и на пералната, соопштија денеска од Општа болница Куманово.
Куманово, 12 јуни 2025 (МИА) - Привршува реконструкцијата на детското одделение во Куманово, надлежните од здравствената установа очекуваат да почне реконструкцијата на кујната и на пералната, соопштија денеска од Општа болница Куманово.
- Реконструкцијата на детското одделение привршува, преку донација на општествено одговорна компанија и здруженија. Наскоро целосно ќе биде функционално. Планирана е реконструкција на кујната и пералната, со помош од Министерството за здравство, што ние немаме средства за толкав голем зафат, изјави директорот на установата Сашо Стошевски.

Јавната здравствена установа планира и реконструкција на неврологија, а ќе тече и проектот за реконструкција на целиот двор на установата во соработка со општина Куманово.
- Во преговори сме со општината, очекуваме асфалтирање на површината, патеки, паркинг простор со излез на улицата „11 Ноември“ за се избегне тесното грло на уличката со ургентен центар. Проектот е на претходниот менаџер, изјави Стошевски.
Јавната здравствена установа очекува и набавка на апарати согласно потребите на одделенијата доставени кон крајот на 2024-та година. ам/мд/
Фото: МИА