• понеделник, 23 декември 2024

Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата

Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата

Скопје, 16 јуни 2024 МИА) –  Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска бил лишен од слобода 39-годишен штипјанец откако неговата сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, пријавила дека физички ја нападнал.

– Денеска на 16.06.2024 година во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.Д.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.

Во Полициското одделение Сарај во текот на вчерашниот ден стигнала слична пријава, по што полициски службеници од Полициското одделение Сарај, вчера во 11.00 часот привеле лице од Скопје, со иницијали Х.М.(46), откако било пријавено дека вознемирувал 45-годишна жена.

– На 15.06.2024 во 11.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45 – годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведува МВР. ра/лв/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан