Приведен скопјанец, во неговото возило пронајдени девет лица од Сирија
- Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот Гевгелија - Демир Капија го лишила од слобода Р.А.(50) од Скопје. Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти.

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот Гевгелија - Демир Капија го лишила од слобода Р.А.(50) од Скопје. Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти.
Како што соопшти МВР, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија.
Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/лв/
Фото: МИА архива