• четврток, 02 мај 2024

Приведен маж од тетовско баран со потерница

Приведен маж од тетовско баран со потерница

Скопје, 18 март 2024 (МИА) -  Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. дма/ев/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан