• четврток, 19 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 11 август 2023 (МИА) - Полицијата денеска привела 43-годишен кумановец, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и два месеца.

- Денеска околу 12 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на ул. „Димче Милошевски“ во Скопје го лишија од слобода И.Н. (43) од Куманово, со привремено престојувалиште во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеца, а во врска со член 236 од КЗ, информираат од МВР.

Лицето, како што е наведено во соопштението, ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. дма/са/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан