• петок, 07 јуни 2024

Приведен криминалец баран со потерница за издржување двегодишна затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за издржување двегодишна затворска казна

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги и од ОКР Гази Баба, денеска, во 12:45 часот на ул.Бутелска во Скопје го лишија од слобода О.М. (47) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на затворска казна од две години, а во врска со член 144 од КЗ на РСМ.

Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан