Две лица полесно повредени во сообраќајка после наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес
- -И двајцата се вон животна опасност и по неколкучасовна опсервација во велешката Општа болница самите побарале и биле пуштени на домашно лекување, информира за МИА МаријаТрајковска, главна сестра на ЈЈУ Општа болница Велес.
Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Две лица од Прилеп се полесно повредени во денешната сообраќајна несреќа после наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес.
-И двајцата се вон животна опасност и по неколкучасовна опсервација во велешката Општа болница самите побарале и биле пуштени на домашно лекување, информира за МИА МаријаТрајковска, главна сестра на ЈЈУ Општа болница Велес.
Со возило на итна помош претходно биле донесени во Ургентниот центар на велешката болница и им била направена томографија на глава и биле оставени во болница на опсервација. ад/нд/
Фото: МИА архива