• понеделник, 06 мај 2024

Приведен крадец фатен на дело во Скопје, расчистени три кривични дела

Приведен крадец фатен на дело во Скопје, расчистени три кривични дела

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар вчера на автобуска постојка на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Р.А. (43).

- Р.А. бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л. (76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. дма/сп/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан