• четврток, 28 март 2024

Приведен крадец, фатен на дело, одземеното вратено на сопственичката

Приведен крадец, фатен на дело, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска околу 13:10 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“,  го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил фатен при извршување кражба, при што од чанта на С.П.(65) од Скопје, при влегување во автобус, одзел паричник. Одземеното било вратено на оштетената, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

 
Фото:МИА архива

Остани поврзан