Приведен крадец од Тетово, украдениот предмет вратен на сопственикот
- Полициски службеници на СВР Тетово вчера на улица „Киро Ристевски-Дрнц“, го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец Г.С., поради сомнение дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово извршил кражба во патничко возило „фиат добло“.

Скопје, 28 септември 2023 ( МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово вчера на улица „Киро Ристевски-Дрнц“, го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец Г.С., поради сомнение дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово извршил кражба во патничко возило „фиат добло“.
-Кај него бил пронајден и одземен личен предмет, кој подоцна бил вратен на сопственикот Ш.А.(45) од Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицето е задржано во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава. љм/дма/
Фото: МИА архива