Приведен крадец од Скопје, затекнат при кражба на мобилен телефон
- На подрачје на Бит Пазар во Скопје, вчера во 16.30 часот полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје, соопштија денеска од МВР.

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - На подрачје на Бит Пазар во Скопје, вчера во 16.30 часот полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје, соопштија денеска од МВР.
- При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. цр/дма/
Фото: МИА архива