• четврток, 11 јули 2024

Приведен крадец од Гостивар, расчистени три кражби

Приведен крадец од Гостивар, расчистени три кражби

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Полицајци од ОВР Гостивар, вчера во 12.30 часот, на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода гостиварецот Т.М.(43), поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат.

Како што соопшти МВР, кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. дма/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан