• вторник, 14 мај 2024

Приведен крадец за издржување двегодишна затворска казна

Приведен крадец за издржување двегодишна затворска казна

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 12:35 часот во скопско Јурумлери, го лишиле од слобода И.М.(25) од Куманово.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Полициска станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан