• петок, 19 јули 2024

Приведен крадец во Дебар

Приведен крадец во Дебар

Скопје, 24 декември 2023 (МИА) - Во Дебар вчера во 10:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(66) од Република Албанија, соопштија денеска од МВР.

Тој бил затекнат при кражба во деловен објект лоциран на улицата „100“ во Дебар.

- Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан