• вторник, 23 јули 2024

Приведен дилер, пронајдена дрога при претрес во Прилепско

Приведен дилер, пронајдена дрога при претрес во Прилепско

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп денеска го лишиле од слобода Д.В.(47) од Прилеп.

Како што информираа од МВР, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во прилепското село Старо Лагово, сопственост на Д.В., и пронајдена е кафеава прашкаста материја и  дигитални ваги.

По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветен поднесок. цр/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан