• сабота, 27 јули 2024

Приведен дилер, претрес во Велес, пронајдена дрога

Приведен дилер, претрес во Велес, пронајдена дрога

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 20.00 часот го лишиле од слобода А.Г.(29) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, соопштија денеска од МВР, била пронајдена марихуана.

- Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. цр/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан