• среда, 11 септември 2024

Приведен дилер од Тетовско за издржување казна затвор од четири години

Приведен дилер од Тетовско за издржување казна затвор од четири години

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16:45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, го привеле Ј.И.(47) од тетовска Голема Речица.

Како што соопшти денеска МВРЕ, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Ј.И. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. дма/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан