• понеделник, 13 мај 2024

Приведен дебранец за семејно насилство

Приведен дебранец за семејно насилство

Дебар, 12 април 2024 (МИА) - Полициски службеници синоќа во Дебар привеле 24- годишен дебранец поради семејно насилство.

- Синоќа во 20 часот полициски службеници од дебарското одделението за внатрешни работи го лишиja од слобода В.К.(24) од Дебар поради сомнение дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон 47- годишна жена и нејзината малолетна ќерка од Дебар, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, по насоки од јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Насилникот и нападнатите се во роднинска врска. Тој агресивно се однесувал кон неговата мајка И.К. и неговата малолетна сестра.

Ова е прв регистриран случај на семејно насилство годинава. Минатата година регистрирани се десеттина случаи на семејно насилство, каде главно е физички напад од страна на сопруг кон сопруга. вт/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан