• сабота, 15 јуни 2024

Приведен гостиварец осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба

Приведен гостиварец осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 14.45 часот во Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец С.М., осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба. 

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека „тешката кражба“ ја извршил во период од 18.45 часот на 13 јуни до вчера до 12.50 часот, при што одзел повеќе предмети.  

-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи. хс/лв/

Фото: МИА архива    

Остани поврзан