• вторник, 18 јуни 2024

Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација

Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Полицијата денеска на граничниот премин Богородица приведе едно лице од Гевгелија кај кого пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари.

-На Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари, соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Н. М. ќе биде поднесена соодветна пријава. мс/ев/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан