• сабота, 27 април 2024

Приведено лице од струмичко, осудено на петгодишна затворска казна

Приведено лице од струмичко, осудено на петгодишна затворска казна
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 13:50 часот во село Ангелци, локален пат за село Градошорци, струмичко, го лишиле од слобода О.П.(46) од село Ангелци.-Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик и за него била распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на 13 месеци од казната, соопштои МВР.Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната. дма/

Остани поврзан