• петок, 17 мај 2024

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје на бул.„Димитрија Чуповски“ денеска во 13.15 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј.(39) од Скопје.

Како што информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан