• петок, 03 мај 2024

Приведено лице од Гостиварско за издржување затворска казна

Приведено лице од Гостиварско за издржување затворска казна

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Во Гостивар на улица „Браќа Ѓиновски“ вчера околу 18.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 49-годишниот Ш.А.Г. од гостиварска Долна Бањица.

Како што денеска информираа од МВР, тој бил баран по потерница за издржување затворска казна од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. цр/

Остани поврзан