• вторник, 05 ноември 2024

Приведени три лица кои вчера извршиле разбојништво во обложувалница

Приведени три лица кои вчера извршиле разбојништво во обложувалница

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Чаир денеска ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје, осомничени дека синоќа околу 22:25 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, со закана кон вработената во обложувалницата тие oдзеле пари од касата.

-При претрес во домот на М.Д.,  извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, информира МВР. 

По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан